Спорт

Басконија го наследи Реал на шпанскиот трон

Мадрид, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Басконија ја освоија титулата во Шпанија. Во финалето на завршниот турнир Басконија ја победи Барселона, 69:67.

Победничкиот кош го постигна Лука Вилдоса на три секунди до крајот.

Покрај Вилдоса, херој на Басконија и е и Акиле Полонара, кој во финишот погоди важна тројка, а потоа му асистираше на Вилдоса за победничкиот кош.

Барселона го имаше последниот напад, меѓутоа Кори Хигинс не успеа да погоди за три поени.

Вилдоса мечот го заврши со 17 поени, Шенгелија постигна 14, а Диоп 10 поени. Кај Барселона се истакна Ертел со 21 поен. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука