ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжи акцијата за отстранување на урбана опрема, шанкови и објекти од плажите

Охрид, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска продолжи акцијата која ја спроведува општина Охрид со која се отстранува урбана опрема, шанкови и објекти од плажите.

Денес повторно се работеше на плажата „Канео“, каде се отстрануваа платформа, навлезена во езерото.

Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески неодамна појасни дека акцијата се спроведува согласно Планот за управување со Охридскиот регион и ги опфаќа плажите чии договори се истечени и истите се надвор од Генералниот урбанистички план. (Крај)

извор: standard.mk фото: standard.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука