Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Точков: Следната недела ќе се прска против комарци во Охрид

Охрид, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од 6-ти до 14-ти јули ќе се спроведе заправување против комарци на териториите на општините што ги опфаќа Центарот за јавно здравје Охрид.

Дезинсекцијата на ларвите возрасните комарците ќе се спроведува од земја во текот на следната недела, во завосност од временските услови, вели за Супер радио и OhridPress директорот Сашо Точков.

– Екипи на Центарот за јавно здравје навреме ќе извршат третман, односно запрашување против комарци на териториите на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа. Прскањето ќе биде земјено, со соодветни средства, а граѓаните и пчеларите навремено ќе бидат информирани за термините, потенцира Точков.

Во среда ќе се врши теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да ги превземат соодветните мерки за заштита

По однос на се погласните реакции на граѓаните деновиве дека по шеталиштето и долж кејот има многу инсекти особено во вечерните часови и дека годинава се доцни со прскање, Точков вели дека досега не биле создадени услови за дезинсекција против комарци, дека истата се реализира навреме и појаснува дека она што жителите на Охрид го забележуваат по кејот се вошки од дрвата кои летаат во воздухот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука