Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро денес на кота од 693,56 м.н.в, 11 сантиметри под просекот за јуни

Охрид, 3. јуlи 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро и натаму останува под просекот за месец јуни.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,56, што е за 11 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,67 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 22 степени.

No photo description available.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 33. степени.

– До средината на наредната седмица ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд,грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука