Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Министерот Филипче во работна посета на Охрид

Охрид, 3. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска престојува во работна посета на Охрид.

Предвидено е да ги посети Општата болница и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

Кон средината на мај, откако долго време се одржуваше ниска бројка на заболени и успешно се бранеше од пандемијата, Охрид се врати на мапата на градови каде се регистрирани лица заболени од коронавирус COVID-19. Оттогаш секојдневно има регистрирани новозаболени пациенти, а за жал ги имавме и првите смртни случаи.

Според статистиката моментално во градов има 151 активен пациент со коронавирус. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 180 заразени лица, 5 пациенти починаа, а 24 се излекувани.

Неодамна 6 медицински сестри и еден доктор од Специјалната болница „Св.Еразмо“ заминаа во Скопје да им помогнат на колегите во ГОБ „8-ми септември“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука