Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за албанска државјанка поради даночно затајување

Струга, 3. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – По претходно добиена писмена наредба од Судија на претходна постапка, вчера е извршен претрес во гаража лоцирана на улица „Македонска“, во Струга, која ја користела В.М.(51) од Корча-Република Албанија.

Притоа, пронајдени и одземени се четириесет и две хартиени кутии тутун „Virginia original“, четири кутии со вкупно 43 ленти таблети „Exiptol Albendazole“ 600 mg, осум стаклени шишиња со непозната течност и една пластична туба со непозната течност.

Поради постоење основи на сомнение дека се работи за сторено казнено дело „даночно затајување“ по член 279 од кривичниот законик, В.М. била лишена од слобода и против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука