Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Од денес исплата на парична помош од социјална и детска заштита за корисниците со картички, од понеделник на шалтерите на банките

Скопје, 3. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска започна исплатата на паричната помош од социјална и детска заштита за месец јуни за корисниците кои имаат дебитна картичка, а од понеделник, 6- ти  јули и за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките, инофрмираат од Министерството за труд и социјална политика.

Исплатата на средствата преку деловните банки и овојпат ќе се реализира етапно, во три групи, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

–   6-ти јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

–   7-ми јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

–   8-ми јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците кои имаат дебитна картичка  поврзана со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, парите веќе може да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. 

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите набанките, се должни да носат заштитна маска што ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание од два метри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука