Избор Македонија

Границите со Косово и Србија остануваат отворени

Скопје, 3. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – За затворање на границите со Косово и Србија Комисијата за заразни болести денеска не разговарала, па нема ниту таква препорака до Владата.

Ова го потврди и премиерот Оливер Спасовски, при посетата на Чучер Сандево.

– Ова не е прашање на политика, и затоа Владата не може да носи одлука која би била политичка. Ние сакаме да носиме одлука врз основа на стручните лица. Ако се согледа каква било потреба, ако се согледа дека има потреба од преземање мерки, тогаш ќе се разговара на Влада. А засега Владата нема донесено никаква одлука, и во моментов важи старата, односно дека границите се отворени – рече Спасовски. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука