ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

МИА: Во водите на Охридското Езеро настрада 49-годишниот С.Ј. од Охрид

Охрид, 3 јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро.

Станува збор за лицето С. Ј. на 49-годишна возраст од Охрид. Причините за настапувањето на смртта ќе ја утврди обдукцијата.

Случајот во полиција бил пријавен од страна на случајни минувачи кои го забележале телото на самиот кеј „Македонија“ околу 13:00 часот, јави МИА.

На лице место излезени се екипи на крим техника на СВР Охрид, како и екипа на Службата за итна медицинска помош која ја констатирала смртта. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука