Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Врз телото на лицето кое се удави во езерото нема видливи траги на насилство

Охрид, 3. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска околу 14:30 часот, во СВР Охрид, добиено е телефонско известување за забележано безживотно тело во водите на Охридското Езеро, на плажа на кеј „Македонија“.

– На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител и полициски и медицински екипи од итната медицинска помош, при што констатирано е дека се работи за 49-годишниот С.Ј. од Охрид, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука