ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лицето кое се удави вчера во езерото било под дејство на алкохол

Охрид, 4. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од водите на Охридското Езеро, на улицата Кеј „Македонија“, вчера околу 14:00 часот беше извлечено безживотното тело на 49-годишниот С.Ј. од Охрид.

Од екипа од итна медицинска помош бил извршен преглед и реанимација на давеникот по што била констатирана смрт.

– За настанот е известен јавен обвинител. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Охрид при што било констатирано дека С.Ј кој бил под дејство на алкохол, и околу 14:00 часот заедно со уште три лица влегол во водите на Охридското Езеро, но по кратко време лицата забележале дека С.Ј. не излегол од вода, по што го пронашле и го извлекле од водата, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука