Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридски „Галеб“ од денес повторно ја активира линијата Охрид-Белград

Охрид, 5. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Откако неодамна ја ставија во мирување, од охридскиот автопревозник АД „Галеб“ повторно ја најавуваат линијата Охрид-Белград.

– Имајќи ги предвид одлуките на српскиот и македонскиот кризен штаб, како и непостоењето на реална опасност од затворање на границите, Ве известуваме дека линијата Охрид-Белград со поаѓање во 15:30 часот од Охрид ќе продолжи да функционира секој ден од недела, 5-ти јули 2020 година. Ви се заблагодаруваме за разбирањето поради малиот застој кој го имавме и Ве уверуваме дека истиот беше исклучиво поради грижа за здравјето и безбедноста на нашите патници и вработени, информираат од компанијата.

АД „Галеб“ одново почна да сообраќа до Белград од 28- ми минатиот месец, но сега линијата повторно е ставена вон функција. Оттаму најавија дека граѓаните ќе бидат информирани за промена на оваа одлука. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука