Економија Избор Охрид Сите во Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Искористете го ваучерот во Охрид: „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“ – хотел „Александрија“

Охрид, 5. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.

Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.

Супер радио и OhridPress во периодот пред официјалниот старт на летната туристичка сезона, ќе Ви презентираат голем дел од капацитетите во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.

Денес Ви го претставуваме хотелот „Александрија“:

Во срцето на градот, на кејот на Охридското Езеро, хотел „Александрија“ плени со својата убавина и прекрасни соби со поглед на езеро. Хотелот е само на 10 метри од Градскиот плоштад.

Вие ќе ги слушнете издишките на самата Лихнида кога солза по солза и бисер го создава Езерото и ја затвора во водата вечната тајна на моќта на убавината. Тоа ќе го видите од сите соби, од сите прозорци на хотелот кои низ бисерните очи го гледаат езерото а тоа повратно преку нив ја гали вашата душа со длабоко спокојство и со трепетлива возбуда. Сета таа убавина ја доживувате овде, во хотелскиот амбиент, во неговиот ентериер и екстериер, во душата што му ја дава Охрид со старата богата чаршија крај него, величенствените архитектури од далечните времиња, монументалните црковни изданија од кои зборуваат вековите. Хотел „Александрија“ Ве очекува со 13 луксузно уредени двокреветни соби и еден луксузен апартман.

Информации и резервации на:
☎️ +389 46 258 860
✉️ info@hotelaleksandrija.com
🌐 hotelaleksandrija.com

Facebook: Hotel Aleksandrija

Image may contain: house, tree and outdoor

No photo description available.

No photo description available.

No photo description available.

No photo description available.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука