Спорт

Уште 35 играчи во НХЛ се позитивни на коронавирус

Торонто, 7. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Американско-канадската професионална лига во хокеј на мраз – НХЛ објави денеска дека во последните еден месец вкупно 35 играчи се позитивни на Ковид 19.

НХЛ додаваат дека тестирањата се спроведени во клупските објекти, од почетокот на индивидуалните тренинзи, на 8 јуни.

Оттогаш тестирани се 396 играчи, 23-ца биле позитивни на вирусот, јавува агенцијата „Associated Press“.

Истовремено, лигата дошла до податок дека одделните тестирања покажале дека се заразени уште 12 играчи.

Водството на НХЛ и синдикатот на играчите го договорија протоколот и мерките на претпазливост за да може од 1 август да продолжи сезоната која е прекината на средината на март. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука