Избор Свет

И сладоледот под удар на коронавирусот, во Италија намалена потрошувачката

Рим, 7. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Италија, која е светски лидер во производство на сладолед, оваа година поради пандемијата на ковид-19, забележа 23 отсто помала побарувачка и потрошувачка, во однос на минатата година, пишува агенцијата АГИ.

Според агенцијата, ситуацијата е загрижувачка, бидејќи занаетчиското производство на сладолед во Италија вработува 74 илјади работници во 39 илјади слаткарници.

Италијанските производители на сладолед годишно користат 220 милиони литри млеко, 64 милиони килограми шеќер, 21 милиони килограми свежо овошје и 29 милиони килограми други производи.

Досега производството и продажбата на сладолед имаа годишен приход од 4 милијарди и 200 милиони евра.

Кризата во продажбата на сладолед се појави поради намалениот број странски туристи кои се главни потрошувачи на овој деликатес. Засега има 10 милиони туристи помалку од претходните години, а 23 проценти помалку Италијанци од лани. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука