Спорт

ФИФА ќе ја одложи одлуката за избор на градови домаќини на СП 2026

Цирих, 7. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе ја одложи одлуката за избор на градови во кои ќе се играат натпреварите од Светското првенство во 2026 година, поради пандемијата на коронавирус, пренесува Ројтерс.

Мундијалот во 2026 година ќе се одржи во три земји – САД, Канада и Мексико. Соединетите држави ќе претстават 17 градови-кандидати за домаќини, Канада и Мексико – по три. Одлуката требаше да биде донесена во март, но поради пандемијата, состанокот на ФИФА беше презакажан за 7 јули.

Сега одлуката повторно ќе биде одложена за неколку недели.

ФИФА ќе одбере 16 од 23 предложени градови за да бидат домаќини на натпреварите, додека треба да се намали само бројот на американски градови. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука