Спорт

Општина Охрид со поддршка за новоформираниот градски кошаркарски клуб Охрид

Охрид, 7. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески и претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ остварија средба, пришто изразија голема благодарност до групата ентузијасти за формирањето на градскиот кошаркарски клуб Охрид и се обврзаа за обезбедување на помош за непречено функционирање на клубот.

Претседателот на КФМ, Антиќ истакна дека е задоволен што постојат ентузијасти кои се борат да ја продолжат кошаркарската приказна во градот и што му овозможуваат на охриѓани повеќе спортски доживувања.

Градоначалникот Георгиески, како голем љубител на спортот несебично ја истакна својата поддршка кон новоформираниот клуб и се обврза во скоро време да им обезбеди и финансиска помош.

Претставниците на клубот информираа дека ќе се посветат максимално со работа во младинските категории и охридските кошаркарски таленти, и чекор по чекор да одат напред и од наредна година да се натпреваруваат во прва лига. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука