Спорт

Тринаесет фудбалери од Македонија имаат корона

Скопје, 7. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Запад.

Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус потврдија дека вкупно 13 фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на ковид-19.

Според пропозициите за натпреварување, ждреб ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.

Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втора МФЛ – Исток, велат од ФФМ. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука