Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка кај Требеништа, повредено едно лице од Охрид

Охрид, 8. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми јули 2020 година, во 01:15 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Требеништа.

– Товарно возило марка „Рено мастер“, со вевчански регистарски ознаки, управувано од страна на 33-годишниот Х.З. од Охрид, излетало надвор од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Охрид, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид, информираатод МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука