Забава Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Skopje Unplugged со Фолтин, Сара Мејс и Тамара на 17-ти јули во Скопје

Скопје, 8. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Време е за музика, време е за создавање магични моменти во прекрасна атмосфера на зајдисонце, време е за Skopje Unplugged – порачуваат организаторите на овој настан кој ќе се одржи на 17.07 со почеток во 7 часот и 7 минути попладне.

– Оваа година на исклучително интересна локација, во винаријата Камник, ќе имате ексклузивна можност да ги проследите едни од најголемите македонски музички бисери. Одличните Фолтин, Сара Мејс и Тамара Тодевска на сцената ќе блеснат во акустично прилагоден сет специјално подготвен за оваа пригода.
Уникатно доживување со лимитиран број на посетители за кои се обезбедени седишта на растојание од 1.5 м. Skopje Unplugged ќе покаже дека е возможно музиката спиритуално да не сплоти и да не поврзе дури и во услови на запазена физичка дистанца. На овогодинешното издание на Skopje Unplugged фокусот е целосно ставен на македонски изведувачи на кои им е потребна огромна поддршка во овие неизвесни времиња
Овој фестивал е во организација на Универзална Сала под покровителство на Град Скопје, поддржан од Винарија Камник, додаваат организаторите кои напоменуваат дека ќе бидат запазени сите протоколи и мерки, поради што билетите ќе се продаваат во ограничен број. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука