Забава Избор

Забава со Dj Loco Baby за 2 мај во Дискотека Парк

Охрид, 29. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Дискотеката „Парк“ испраќа отворена покана до сите вљубеници во добрата забава за сабота, 2-ри мај.

– Повелете на журка со Dj Loco Baby од Србија. Бидете дел од најдобрата забава предстојниот викенд во Охрид и ужувајте со најдобрите House хитови. За загревањето ќе биде задолжен Dj Gec, а почетокот на забавата е на полноќ, информираат организаторите.

locobaby

Женскиот Dj Loco Baby доаѓа од Белград, Србија и зад себе има импозантен серијал на одлично одработени забави. Кон средината на 2011 година беше меѓу петте Топ женски Dj-и на регионалниот Балкански натпревар. Најчесто настапува во клубови и на фестивали во Србија, Македонија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Грција и Швајцарија. во 2012. година настапи и во познатиот шпански клуб „Space“, по што се претстави и на Ибица на after beach забавата во Playa den Bossa.

diskotekaparkhumanitarna

Претходно, на 1-ви мај, во Дискотеката Парк ќе се одржи голема хуманитарна забава за помош на 25-годишниот Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани. Дел од охридските Dj-и во соработка и со голема помош на Дискотека Парк преку хуманитарна забава ќе се обидат да соберат колку што можат повеќе средства за да се спаси овој млад живот. Забавата насловена како „Од СРЦЕ за СРЦЕ“ ќе се одржи со почеток во 23:59 часот. За помош на Зоран ќе пуштаат музика Dj Jane, Dj Yuxell, Dj Joff, Dj Zlatko и Dj Gec. Медиумската поддршка е на Супер радио. Организаторите испраќаат покана до сите охриѓани и стружани, но и до сите гости кои за првомајските празници ќе бидат во Охрид и Струга да го поддржат настанот и преку забава да му помогнеме на Зоран. За помош на Зоран, познатата охридска такси компанија Де Лукс ќе ги одвои стартните 20. денари од сите возења кон Дискотека Парк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука