Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Најдобрите спортски брендови во Охрид – Од денес POP UP продавница на Sport Vision во Охрид (Фото/Видео)

Охрид, 9. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Најниски цени за врвниот квалитет, од денес, па се’ до крајот на летото, Sport Vision ги носи најдобрите спортски брендови во Охрид.

– Повелете и одберете нешто убаво за Вас или најблиските од широкиот асортиман на костими за капење, папучи, апостолки, сандали, шорцеви, маици и се’ друго што Ви е потребно за совршено лето. Сето тоа по неверојатно ниски цени, плус очекувајте и многу вредни изненадувања и подароци, порачуваат од Sport Vision.

Од компанијата потенцираат дека се испочитувани сите мерки за заштита на купувачите, кои ќе можат да уживаат во релаксирано купување.

Новата POP UP продавница на Sport Vision во Орхид ќе работи секој ден во периодот од 09:00 до 21:00 часот во Охридската чаршија, во стоковната куќа „Билјана“.

– Дојдете да го започнеме летото заедно, порачуваат од Sport Vision.

Ова лето ќе имаме и СУПЕР ЛЕТО на СУПЕР Радио со Sport Vision. Од следната недела започнува и акцијата за доделување на вредни награди за слушателите на Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука