Спорт

Потврден е терминот – Македонија на 5-ти септември против Ерменија

Скопје, 11. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската репрезентација на Македонија сезоната во второто издание во Лигата на нации ќе го започне на 5-ти септември. Во Ц-сегментот, во Групата 2, во Скопје на почетокот на септември ќе гостува Ерменија.

По натпреварот со Ерменија македонските фудбалери два пати ќе гостуваат, кај Грузија во Тбилиси на 8-ми септември и кај Естонија во Талин на 11-ти октомври.

На 14-ти октомври во Скопје ќе гостува Грузија, еден месец подоцна Македонија ќе ја пречека Естонија, а овој циклус македонските репрезентативци ќе го затворат со гостувањето во Ерменија на 18-ти ноември. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука