Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Нарушен јавниот ред и мир во авто-кампот „Градиште“

Охрид, 11. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти јули 2020 година, во 01:40 часот во СВР Охрид е пријавено нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство извршено еден ден претходно, околу 21:30 часот во авто-кампот „Градиште“.

– Притоа, 32-годишниот А.К., кој претходно бил пријавен во полиција од Д.Б.(38) за загрозување на сигурноста и од Ф.Г.(40) за оштетување на возилото, физички го нападнал Ф.Г., а потоа со остар предмет ја повредил М.Т., по што со дрвена палка ги нападнал Г.Т. и Ѓ.К., сите од Скопје, нанесувајќи им повреди. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука