Во Охрид денес сончево време со умерена облачност попладне и температура до 28. степени
Охрид, 12. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.
УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени.
– Денес попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Од утре продолжува периодот на стабилно време. Денес и утре ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, што ќе услови опаѓање на температурата, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |