ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Отец Партениј денес во Охрид ќе биде хиротонисан за Епископ Антаниски

Охрид, 12. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во црквата „Света Софија“ во Охрид, денес ќе се одржи катедрален храм на охридските архиепископи.

Настанот е предвиден да започне од 08:30 часот со пречек на Архиепископот на архијереите на САС МПЦ, а од 09:00 часот Света Божествена Литургија, по што архимандритот Партениј ќе биде хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Црковниот настан ќе заврши во 13:00 часот со свечена трпеза, во хотел „Белви“ во Охрид.

Отец Партениј беше предложен за нов владика од страна на неговиот надлежен архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, а едногласно потврден од сите членови на Синодот на МПЦ-ОА. Отец Партениј ќе биде викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со титула „Епископ Антаниски” (според македонскиот античкиот град Антанија, кој бил епископско седиште), но истовремено ќе ја задржи и својата должност како игумен на Бигорскиот Манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

На Петровден во Охрид Отец Партениј ќе биде хиротонисан за

Бигорскиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј (Фидановски) е роден на 29-ти октомври 1970 година во Битола, во македонско православно семејство, коешто ги негувало традиционалните христијански вредности, како и родољубивиот и слободољубив дух.

Уште од најрано детство задоен со силна љубов кон Бога, го започнува својот духовен пат, најнапред во средното богословско училиште „Свети Климент Охридски“ во Драчево, Скопје. Потоа, воден од жедта за поголеми духовни знаења, го завршува и истоимениот Православен богословски факултет во Скопје, со дипломска тема посветена на Свети Јован Претеча и Крстител. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука