ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вратете ни го нашето „Охридско лето“ – денес ќе започнеше јубилејното, 60-то издание

Охрид, 12. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Огромен број вредни, тивки, културни, образовани и пред се’ посветени луѓе со голема желба, вградија дел од себе изминативе 60. години во институцијата „Охридско лето“.

Но, имаше и други. Имаше такви кои свикуваа прес конференции со кавали, имаше и такви кои со секој збор потврдуваа дека се само „избор на партијата“ и ништо повеќе, имаше и такви на кои им беше поважно како испаднале на фотографијата, имаше и такви кои „го поздравиле Папата“…

Секакви имаше, и за нив историјата или ќе зборува, или ќе молчи.

Фестивалот за Охрид секогаш бил повеќе од само обичен летен фестивал, тој е длабоко всаден во подигнувањето на наобразбата кај граѓаните, свеста за убавото, културата, уметноста, за следењето на збиднувањата во светот…

Време е за позитивни промени, короната е реалност, а не изговор. Да помогнеме сите заедно фестивалот „Охридско лето“ да се врати онаму каде што заслужува и да биде она што му беше и основната замисла – стожер на нашата културна самостојност.

Вратете ни го нашето „Охридско лето“…

Охридско лето“ меѓу најдобрите на европската културна сцена - PLUS ...

А некогаш беше вака…

„Кога новороденчето Охридско лето, заедно со мојот сопруг го крстивме токму со тоа име, верувавме дека концертите во Света Софија, набргу ќе станат источиште на многу поширока, културна, летна активност во древниот Охрид, тој легитимен стожер на нашата културна самостојност“.

Зборовите ги напиша Ана Липша- Тофовиќ, првенка на Операта при МНТ, прославената македонска певица, која на 4. август 1961 година во неповторливо акустичната „Света Софија“ повеќевековното седиште на автокефалната Охридска архиепископија ги отпеа: Хендл, Моцарт, Бетовен и Глук. Певицата, особена симболика нашла во Глуковиот „Орфеј“, како нешто орфејско во прапочетокот, „како непресушна орфејска песна на мојот народ”, ќе рече певицата Ана Липша.

analipsaФестивалот „Охридско лето” е континуитет на македонската хуманистичка и културна традиција, но и како духовна интеракција во размената на светските добра, како „универзална хармонија меѓу народите и световите”, ќе рече академик Ѓеорѓи Старделов, чиј несомнен интелект е вграден во развојот и опстојувањето на Летото. Важи за своевидна манифестација на македонската култура и традиција и на нивната вековна отвореност кон културите на светот.

Уште пред 1961. година, во Охрид се одржува манифестација „Денови на културата на Македонија”. Постарите паметат дека изведувачите и публиката, тоа го чинеле во еден хангар, сега непостоен, во просторот на „Инекс – Горица”. Конкретната документација, вели дека во услови кога во Охрид, во раните педесети години имало дури 3.000 неписмени, одлуката за формирање на Фестивалот, на минала на првата седница на Народниот одбор. Негов претседател бил Никола Горичан, додека подоцнежниот прв човек на Охрид и на фестивалот „Охридско Лето“ Љубен Баткоски, одговорен за културата. Решението минало на втората седница, после позитивното инволвирање и притисокот на претседателот на Околискиот Народно-ослободителен одбор.

analipsa1Како директни покренувачи на иницијативата, авторот, музичката и воопшто културната историја ги забележува и афирмира Ана Липша- Тофовиќ и нејзиниот сопруг Петар, неврохирург по професија, но човек со широка култура; како и Стојан Крстески, тогаш професор во средното музичко училиште и директор на Концертната дирекција во Скопје.

Иницијативата, конкретно ја помогнале, во реализацијата, уште и Димче Серафимовски, дописник на „Политика“ од Скопје, потоа интелектуалците Илија Зафироски и Димче Белоски.

(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука