Економија Избор Охрид Сите во Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Искористете го ваучерот во Охрид: „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“ – хотел „Тино“

Охрид, 10. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.

Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.

Супер радио и OhridPress Ви презентираат голем дел од капацитетите во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.

Image may contain: flower, sky, outdoor and nature

Денес Ви го претставуваме хотелот „Тино“:

Хотелот „Тино“ се наоѓа во строгиот центар на градот, на Кеј „Македонија“. Располага со 50 луксузно опремени соби, два апартмани и еден VIP апартман, во кои Ви се пружа максимален комфор со прекрасен поглед кон древниот Охрид и преубавото Охридско Езеро. Во склоп на хотелот работи и Spa Centar, како и ресторан во кој можете да пробате широка палета на вкусна национална и интернационална храна, залиена со одбрано вино и староградска музика.

Image may contain: ocean, sky, outdoor, water and nature

контакт:
Кеј „Македонија“ бр. 55 – 6000 Охрид, Македонија
Телефон: +389 46 230 450 и +389 70 352 551
e-mail: hoteltino@t-home.mk
www.hoteltino.com.mk
Facebook: Hotel Tino Ohrid

Image may contain: people sitting, living room and indoor

No photo description available.

Image may contain: bedroom, table and indoor

No photo description available.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука