Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за лице од Охрид кое ограбило 3 цркви во селата Рамне и Велестово

Охрид, 14. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 18-годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и сторени кривични дела „тешка кражба“ во обид.

– Во периодот 22-ри март до 24-ти март 2020 година, пријавениот, со употреба на подесен алат и физичка сила влегол во три цркви, една во селото Рамне и две во селото Велестово, при што во два наврата не одзел ништо, а во еден случај одзел пари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука