Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Покрената постапка поради даночно затајување тешко над 2 милиони денари во Охрид

Охрид, 14. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 40-годишниот Г.Ј. и против правно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

– Пријавениот, со цел да одбегне делумно плаќање на данок и придонес на што е законски обврзан, приложил лажни податоци за своите приходи и за приходите на правното лице, на име на данок на добивка и персонален данок на доход. Со тоа, пријавените го оштетиле Буџетот на државата и се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 2.043.369 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука