Избор Избори 2020 Охрид ТОП ВЕСТИ

Излезноста во Охрид до 15:00 часот е 35,86%, гласале 18.845 граѓани

Охрид, 15. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според последните податоци од ДИК, од обработени податоци од сите 89 избирачки места, до 15:00 часот во Охрид на гласање излегле 18.845 избирачи од вкупно запишаните 52.510 или во проценти 35,86.

Гласањето во Охрид на сите избирачки места се одвива мирно и без проблеми.

Граѓаните на Македонија денеска гласаат на десеттите парламентарни избори, воедно и петти предвремени. Поднесени се 15 кандидатски листи за пратеници.

На ниво на изборна единица 5, во која спаѓа и Охрид, до 15:00 часот од вкупно запишаните 314.489, досега гласале 99.694 или 31,70%. Овие бројки се од обработени податоци од 691 избирачко место, од вкупните 706. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука