Спорт

„Трансфермаркт“: Јан Облак е најдобриот голман во 21. век

Берлин, 17. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Голманот на словенечката фудбалска репрезентација, актуелен член на Атлетико Мадрид, Јан Облак има најдобар учинок во 21-ви век, објави „Трансфермаркт“.

Фудбалскиот портал објави попис од 30 најдобри голмани во овој век кои имаат најголем процент на мечеви без примен гол.

На врвот на листата е Облак со 54%. Неговата мрежа останала незатресена на 137 од 252 меча на кои бранел.

На второто место е голманот на Баерн и на Германија, Мануел Ноер со 47%, додека трет е легендарниот чувар на Јувентус, Џанлуиџи Буфон со 46%.

Во топ 10 има место и за екс-голманот на Тотенхем и Челси, Карло Кудичини со 45%, па следува Едвин ван дер Сар со 44%, Виктор Валдез со 44%, а ист процент има и Петр Чех.

Последните тројца во топ 10 се Дида, со 43%, Тибо Куртоа со 43% и Сантијаго Кањизарез со 41%. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука