Охрид, 19. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 24 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 14, Струга 9 и Кичево 1).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 22 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 20