Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Грчкиот граничен премин ,,Ники“ ќе биде затворен до 4-ти август

Скопје, 22. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Грчкиот граничен премин ,,Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај.

– До граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин  ,,Ники“ , а во врска со новите  протоколи на грчката влада за  рестрикитивни мерки  за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22-ри јули до 4-ти август 2020 година, информираат од МВР.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во  наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука