Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Започнува трето издание на Beach Film Festival во Охрид

Охрид, 22. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до 26-ти јули во Охрид ќе се одржува третото издание на „Beach Film Festival 2020“.

Станува збор за интердисциплинарен настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. Со својот иновативен концепт, Beach Film Festival се издвојува од досегашните фестивалски стандарди.

 

Во текот на петте фестивалски денови ќе се проектираат македонски студентски филмови, а предвидени се и бројни работилници за актерска игра.

– Дојдете и поддржете ги, зашто за неколку години сигурно ќе имаме можност да ги гледаме нивните долгометражни остварувања, велат организаторите.

Со оглед на актуелната состојба со коронавирусот и во насока на почитување на здравствените препораки фестивалот оваа година се сели од плажата Оревче, на нова локација, плажата Св. Стефан пред хотелот Холидeј М.

Првиот фестивалски ден влезот ќе биде слободен, а за останатите денови влезниците се по цена од 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука