Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК Охрид Лихнидос на тест средба против Пелистер

Охрид/Битола, 22. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос попладне во Битола ќе одиграат контролен натпревар во рамки на подготовките во пресрет на новата сезона.

Од 17:30 часот на Стадионот „Под Тумбе Кафе“ ќе се сретнат со повратникот во Првата лига тимот на Пелистер.
Во подготвителниот период охридските фудбалери ќе одиграат тест средби и со Кораб, Македонија Ѓорче Петров, Струга Трим Лум, Питу Гули и на 15-ти август со кавадаречки Тиквеш.

Новата сезона во Втората македонска лига ќе стартува на 22-ри август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука