ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Документарен филм за првото искачување на охриѓани на Мон Блан: „Од Белото езеро до Белата планина – 40 години подоцна“

Охрид, 23. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поминаа 40 години од денот кога за прв пат охридска планинарска експедиција го освои 4.810 метри високиот Мон Блан на Алпите, највисокиот врв во Западна Европа.

За подвигот на Владo Бојаџи, Љупчо поп Стефанија, Владимир Тунтев, Михаил Битрак, Андон Бојаџи, Климе Волкан, Миле Бафчанџиев, Људмил Цветаноски и Кирил Филев, на иницијатива на Кирил Димов- Гафиљ, е изработен специјален документарен филм „Од Белото езеро до Белата планина – 40 години подоцна“, во кој се споделени спомените и бројни ретки материјали од овој настан.

Повеќе детали за настанот и премиерата на документарниот филм организаторите ќе соопштат на прес конференцијата која ќе се одржи во петок во кафе бар „Аквариус“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука