Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГРК Охрид носител во ждрепката за групите од Супер лигата

Охрид, 23. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – ГРК Охрид ја доби улогата на носител во ждрепката за групите од Супер лигата.

Покрај Охрид носител е и Металург. Колку за потсетување минатата сезона која не се доигра поради корона кризата, екипите на Металург и Охрид беа на првите две позиции, со само еден бод разлика.

Извлекувањето на учесниците по групи ќе биде по принцип на полу – бергер систем согласно претходен ранкингот во национален систем на натпревари.

шешир 1: РК Металург, ГРК Охрид
шешир 2: РК Пролет 62, РК Бутел
шешир 3: РК Радовиш, РК Еурофарм Пелистер 2
шешир 4: РК Струга, РК Работнички
шешир 5: РК Астраион Хендбол, ГРК Тиквеш 2014
шешир 6: Голден Арт КЛ-7, РК Прилеп
шешир 7: РК Јуниор Кисела Вода, РК Младост Богданци

Ждрепката ќе се одржи утре, во 12:00 часот со LiveStream на Youtube каналот на РФМ.

По завршување на регуларниот дел првите три екипи од двете групи заедно со екипите кои настапуваат во Регионалната лига ја формираат Плеј офф групата од 8 екипи кои ќе го одредат победникот на првенството и учесниците во ЕХФ куповите и Регионалната лига.

Екипите од 4-то до 7-мо место од групите А и Б од регуларниот дел ќе ја формираат Плеј аут групата од 8 екипи. Второ пласираната екипа во Плеј Аут групата ќе игра бараж натпревар со прво пласираната екипа од Првата Машка Лига, победникот од тој натпревар ќе обезбеди учество во Супер Машка Лига во натпреварувачка сезона 2021/2022 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука