Одбиени сите тужби од Алијанса и Алтернатива и на Интегра, Управен суд ги потврди решенијата на ДИК
Скопје, 23. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија, информираат од Управниот суд.
– Заклучно до 22.07.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра Македонска Конзервативна Партија како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по истите донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат, информира Управниот суд.
Сите 77 одлуки се објавени на официјалната веб страна на Управниот суд.
Пред Управниот суд во тек е одржување на јавни расправи по поднесени тужби од Политичките партии Левица, Социјалдемократска Унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите. (Крај)
извор: Сител фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |