Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Откажан традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2020“

Охрид, 23. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Актуелната состојба со коронавирусот го одложи традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2020“.

– Почитувани граѓани, спортисти, фудбалери, љубители на спортот. Поради прогласената пандемија на коронавирусот COVID-19од страна на Светската здравствена организација (СЗО) принудени сме да го откажеме организирањето и реализацијата на овогодинешниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2020“. Се надеваме дека оваа наша одлука ќе наиде на разбирање кај пошироката јавност, се вели во соопштението од Организационен одбор на турниот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука