ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Слободен печат: 11-годишниот Илче, детето со церебрална парализа, не било искапено една година!

Охрид, 23. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Не се справивме успешно. Категорично не. А причината е во тоа што немаме домови. Сите врати на сите домови ни беа затворени, вели директорката на Центарот за социјални работи Охрид, Ајтен Мусли, која тврди дека малечкиот Илче, 11-годишното дете кое синоќа беше хоспитализирано на Детска Клиника, не било искапено една година.

– На родителите треба да им се одземе родителското право и за нив да следуваат кривични пријави. Колегите што вчера беа да го видат откако случајот излезе во јавноста, ми кажаа дека детето не било искапено една година. Нас ни пријавија дека мајката го напуштила Илче, а исто и таткото. Веднаш пријавивме во полиција и полицијата ја нашла во струшко село мајката и таа е вратена дома. Станува збор за лице со психички нарушувања. Во меѓувреме баравме домови да го сместиме Илче, но сите врати ни беа затворени, верувајте. Барав во кабинетот да притиснат, зашто мојот глас никако не врвеше. Како може така да се остави дете со церебрална парализа им велев. Во меѓувреме им однесовме еднократна помош, дезинфекциски средства, пелени, но треба соодветно медицинско лице да се грижи во ваков случај. Јас лично се јавував во болници, за да го примат, но не сакаа, заради ковидот. Детето не било искапено една година, ниту мајката ниту никој дома не го сторил тоа и тоа го констатираа социјалните работници кои вчера попладнето отидоа во домот каде што живеат, изјави Мусли за Слободен печат.

Случајот на Илче го привлече вниманието на властите откако беше објавено од страна на човекот што го чуваше, дека не знае каква терапија прима, дека нема никаква терапија за малолетникот и дека со денови детето пие само една чаша млеко дневно.

По ова, Министерството за труд и социјална политика, вети згрижување на детето во Демир Капија, но откако ќе биде опоравен и медицински згрижен на Клиниката за детски болести во Скопје.

Со возило на итната медицинска помош, од Охрид за Скопје синоќа Илче беше префрлен на Детската Клиника, а таму медицинска екипа му подготви соба во одделот за изолација, каде ќе биде сместен се додека не бидат готови резултатите од тестот за COVID-19.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука