11 годишиот Илче е во стабилна состојба, констатирани неправилности во постапката на Центарот за социјални работи во Охрид
Скопје/Охрид, 25. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – 11 годишиот Илче, кој е болен од церебрална парализа, и кој за само еден месец го напуштија двајцата родители е во стабилна состојба, и се наоѓа на одделение на Детската клиника во Скопје.
Овој случај го привлече вниманието на јавноста и властите, откако беше објавено од страна на човекот што го чуваше, дека не знае каква терапија прима, дека нема никаква терапија за малолетникот и дека со денови детето пие само една чаша млеко дневно.
Од Министерството за труд и социјална политика за Тв Телма информираа дека бил извршен надзор над работата на Центарот за социјални работи во Охрид, при што биле констатирани неправилности во постапката и согласно Законот ќе бидат преземени соодветни мерки. (Крај)
извор: ОхридПрес/ТвТелма фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |