Избор Избори 2020 Македонија ТОП ВЕСТИ

ДИК ќе ги соопшти конечните резултати од изборите, почнуваат да течат роковите за конституирање на Собрание и Влада

Скопје, 25. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија (ДИК) денес ќе одржи седница на која ќе ги објави официјалните резултати од предвремените избори, со што се затвора изборниот процес и течат процесите за конституирање на новото Собрание, чиј последен рок е 4-ти август.

По завршувањето на оваа седница, ќе следи свечена седница на која ќе им се доделат уверенијата на новите 120 избрани пратеници. Со тоа почнуваат да течат роковите за конституирање на Собранието на Република Македонија и за доделување на мандат од страна на претседателот на државата.

Управниот суд претходно ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори и ги потврди решенијата на Државната изборна комисија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Република

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука