COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Последните седум дена 27 новозаболени лица од COVID-19 во Охрид

Охрид, 25. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Министерството за здравство (МЗ) на Република Македонија, последните седум дена, од 18-ти до 24-ти јули, во Охрид се регистрирани 27 новозаболени лица од COVID-19.

Во истиот период, на ниво на државата, надлежните органи пријавиле 1.016 нови случаи, од кои во соседна Струга има 54 лица со корона вирус.

По денови:

– 129 нови случаи на COVID-19, 3 новoзаболени во Охрид, 5 во Струга – 24 јули 2020

– 123 нови случаи на COVID-19, 3 новoзаболени во Охрид, 6 во Струга – 23 јули 2020

– 137 нови случаи на COVID-19, 5 новoзаболени во Охрид, 14 во Струга – 22 јули 2020

– 163 нови случаи на COVID-19, 1 новoзаболен во Охрид, 7 во Струга – 21 јули 2020

– 96 нови случаи на COVID-19, 6 новoзаболени во Охрид, 9 во Струга – 20 јули 2020

– 127 нови случаи на COVID-19, 7 новoзаболени во Охрид, 10 во Струга – 19 јули 2020

– 241 нови случаи на COVID-19, 2 новозаболени лица во Охрид, 3 во Струга – 18 јули 2020

Според последните, официјални податоци на МЗ од вчера, вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица е 9.797, со 451 смртни и 4.092 активни случаи.

123 нови случаи на COVID-19, 3 новoзаболени во Охрид, 6 во Струга

Кон средината на мај, откако долго време се одржуваше ниска бројка на заболени и успешно се бранеше од пандемијата, Охрид се врати на мапата на градови каде се регистрирани лица заболени од коронавирус COVID-19. Оттогаш, речиси секојдневно има регистрирани новозаболени пациенти, а за жал имаме и смртни случаи.

Во меѓувреме секојдневно имаме полни плажи, гужва на Градскиот кеј, полни паркинзи, исполнетост на капацитетите. Глетката е убава за око, но за жал, во исто време претставува и вистинска „темпирана бомба“, особено за време на викендите. Според официјалните бројки на Министерството за здравство на Република Македонија, најголемиот број заболени лица се од Скопје, од каде доаѓаат и најбројните гости во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука