COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

137 нови случаи на COVID-19, по 1 новoзаболено лице во Охрид и Струга

Охрид, 25. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 60
– Куманово 13
– Дебар 5
– Штип 16
– Прилеп 3
– Тетово 7
– Струга 1
– Велес 3
– Битола 5
– Охрид 1
– Гостивар 11
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 1
– Виница 1
– Свети Николе 3
– Кичево 5

Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од:

– Скопје 53
– Дебар 3
– Штип 1
– Прилеп 6
– Тетово 7
– Велес 5
– Битола 2
– Кавадарци 1
– Гостивар 11
– Струмица 1
– Крушево 1
– Кичево 3
– Ресен 9

Досега во земјата се направени вкупно 94.092 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.934, бројката на оздравени пациенти е 5.357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука