Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охрид преполн со гости како најава за престојниот, Илинденски викенд

Охрид, 26. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Топлото време и сезоната на годишните одмори како да се посилни од стравот од COVID-19.

Уште од петокот, а особено вчера наутро, колони автомобили се упатија од Скопје кон Охрид и Струга, каде илјадници граѓани го користат викендот.

Секојдневно имаме полни плажи, гужва на Градскиот кеј, полни паркинзи, исполнетост на капацитетите. Глетката е убава за око, но за жал, во исто време претставува и вистинска „темпирана бомба“, особено за време на викендите. Според официјалните бројки на Министерството за здравство на Република Македонија, најголемиот број заболени лица се од Скопје, од каде доаѓаат и најбројните гости во Охрид.

За големиот број посетители придонесе и кампањата „Дома си е дома“, во рамките на која, од вкупно издадените 117.122 ваучери за домашен туризам, во вредност од по 6.000 денари, во периодот од 15-ти до 23-ти јули биле искористени 1.996. Сосема очекувано. најголем дел од ваучерите се искористени за летување во Охрид и Струга.

Следниот викенд се очекува уште поголема гужва, затоа што Охрид ќе го живее Илинденскиот викенд, кој традиционално го означува шпицот на сезоната. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука