ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Премиера на документарниот филм „Од Белото езеро до Белата планина – 40 години подоцна“

Охрид, 26. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Време е за приказната за првите охриѓани кои се искачија на Мон Блан, највисокиот врв во Западна Европа, раскажана во рамките на  документарниот филм „Од Белото езеро до Белата планина – 40 години подоцна“.

Владo Бојаџи, Љупчо поп Стефанија, Владимир Тунтев, Михаил Битрак, Андон Бојаџи, Климе Волкан, Миле Бафчанџиев, Људмил Цветаноски и Кирил Филев се запишаа во историјата како прва охридска и трета македонска експедиција која успешно ја заврши оваа алпска авантура во далечната 1980 година.

За овој настан, за кој можеби малкумина знаат, на иницијатива на охриѓанецот Кирил Димов- Гафиљ, Супер радио изработи специјален документарен филм во кој се споделени спомените и бројни ретки материјали од овој настан.

Погледнете го документарниот филм за подвигот на охридските планинари. Вечерва од 20:45 часот ќе биде прикажан и на регионална телевизија ТвМ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука