Парични казни за 32 лица од Охрид и 17 од Струга поради неносење маски
Охрид, 26. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 55 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 32, Струга 17 и Кичево 6).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 48 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |