Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка кај Косел, повредени две лица

Охрид, 26. јули 2020 (ОХРИДПРС) – На 25-ти јули 2020 година, во 16:00 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен кај селото Косел,  случена е сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

– Во незгодата учествувале патнички автомобил марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, упрасвуван од страна на 84-годишниот Б.А. од истото село и комби бус „Мерцедес“, кој вршел јавен превоз на патници, со охридски регистарски ознаки, управуван од 38-годишниот К.В. од Охрид. По незгодата, со возило на Итната медицинска помош до болницата „Св.Еразмо“, пренесени се возачот на првото возило и Л.А.(59), сопатник во второто возило. По укажаната лекарска помош, двајцата се пуштени на домашно лекување, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука