Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Физичка пресметка помеѓу неколку лица на улицата „7-ми ноември“ во Охрид

Охрид, 26. јули 2020 (ОХРИДПРС) – На 25-ти јули 2020 година, околу 22:30 часот, на улицата „7-ми ноември“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербалана расправија која прераснала во физичка пресметка.

– Инцидентот се случил помеѓу З.В.(55) и А.Н.(28) во која подоцна се вклучиле и Љ.Н.(54) и Д.В.(48), сите од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил З.В. кој е задржан на лекување во Општата болница во Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука